Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА се залага за родовата еднаквост преку потпишување на Кодексот за финансирање на жени претприемачи — глобална иницијатива која има за цел да ги намали финансиските бариери за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во сопственост на жени и водени од жени.
Во рамките на три столба, ИНОВА се обврзува на следново:
Лидерство — Maja Петрова е назначена како лидер во Кодексот, ИНОВА воведува мерки за еднаква вработеност и транспарентно известува за родовата еднаквост во годишниот извештај.
Податоци — Агенцијата усвојува национална дефиниција за ММСП водени од жени, собира родово поделени податоци и редовно ги доставува до управниот одбор и Владата.
Активности — ИНОВА се обврзува да го зголеми бројот и уделот на ММСП во сопственост или водени од жени во своето портфолио.
Документот е потпишан на 26.02.2026 година од директорката Даниела Димовска, со цел да се постигне видливо и одржливо влијание за жените претприемачки во Северна Македонија.
Повеќе информации на следниот линк WE CODE INOVA, како и на веб-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија и на https://www.we-fi.org/we-finance-code/.