Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

За нас

ПОЧЕТНА За нас
INOVA Logo

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво на Р. С. Македонија – ИНОВА е основана во август 2025 година како државна агенција одговорна за спроведување мерки и активности за унапредување на иновациите, конкурентноста, науката и технолошкиот развој, зелената и дигиталната трансформација кај малите и средни претпријатија, како и за промоција на претприемништвото меѓу младите и невработените лица.

ИНОВА е правен наследник на две институции: Фондот за иновации и технолошки развој и Агенцијата за промоција на претприемништвото.

Надлежности на ИНОВА

  • Подготовка, спроведување и финансирање на мерки и активности
  • Техничка помош за отворање бизнис и поддршка за компании
  • Учество во владини програми за претприемништво и самовработување
  • Вмрежување со меѓународни институции и организации
  • Истражувачки проекти и анализи
  • Финансиска поддршка за претприемачи и стартапи
  • Координација на мрежа на локални организации
  • Соработка со национални институции

Финансиска поддршка

 
  • Кофинансирани грантови за стартапи и спин-оф компании
  • Грантови и поволни заеми за комерцијализација на иновации
  • Поддршка за бизнис-технолошки акцелератори
  • Грантови за технолошка надградба
  • Поддршка за зелени и дигитални технологии
 

Не-финансиска поддршка

 
  • Техничка и експертска помош
  • Менторска програма
  • Обуки за претприемачи и стартапи
  • Кампањи за промоција на претприемништвото
  • Обука на консултанти

Соработка со институции

ИНОВА работи во тесна соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за економија и труд и Министерството за дигитална трансформација.

Клучни стратешки документи

Стратегија за паметна специјализација, Стратегија за мали и средни претпријатија и ИКТ стратегија.