АГЕНЦИЈА ЗА ИНОВАЦИИ НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Контакт +389 (0)2 3120 132
Критериуми за невработени
Потенцијалните претприемачи, невработените лица пријавени во АВРМ и веќе вработените кои сакаат да започнат сопствен бизнис и да се самовработат, можат лесно да се вклучат во Програмата. За тоа, од АВРМ е потребна потврда за невработеност или препорака за учество во Програмата на ваучерско советување и поддршка за самовработување.
Со вклучување во Програмата, учесниците се обврзуваат дека во рок од 6 месеци од потпишувањето на Договорот ќе започнат со самовработување. Веќе вработените лица, со пополнување на соодветната изјава (Прилог 16), исто така можат едноставно да се приклучат во Програмата.