Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Општо за советниците

ПОЧЕТНА Општо за советниците

Општо за советниците 

Информации за општите советници (генералисти) и специјалисти во програмата.
Општите советници – генералисти се оспособени за сите подрачја на развивање на деловната идеја, востановување на претпријатие и негово работење во смисла на општо советување, кои во програмата ги опфаќа следните подрачја:

1.  Обликување и проверка на деловната идеја,
2.  Помош во изработка на деловен план и инвестициони проекти,
3.  Помош при регистрација на претпријатие,
4.  Менаџмент,
5.  Санација на претпријатие/дејност/работење,
6.  Маркетинг,
7.  Истражување на пазар,
8.  Финансии и сметководство,
9.  Човекови ресурси,
10. Информациско комуникациска технологија,
11. Развојни програми,
12. Иновации,
13. Производство, технологија, квалитет.

Советници специјалисти, во програмата се специјалисти за одделни подрачја на работењето односно, развојни програми и проекти. За нив е карактеристично што тие се со поголемо искуство, што ги определува како специјалисти за одредено подрачје на советување. Советниците специјалисти во програмата обавуваат советувања од следните подрачја:

1. Општ менаџмент вклучувајќи дијагностика, планирање и стратешки развој;
2. Маркетинг, продажба и развој на извозот
3. Финансиска контрола и менаџмент и сметководствен менаџмент
4. Развој на човекови ресурси и менаџмент на кадри
5. Прозводствено планирање и контрола, методологија и процеси, вклучувајќи технологија
6. Квалитет и менаџмент и контрола на животната околина
7. Менаџмент информативни системи, информациско-комуникациска технологија и е-бизнис.

 

Каталог на советници за претприемништво