Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Важност на издаден Ваучер

ПОЧЕТНА Важност на издаден Ваучер

Важност на издаден Ваучер

Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ги прифаќа и обработува само потполните оригинални ваучери и барања, кои со сите барани прилози ќе пристигнат во Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, најкасно последниот ден од важноста на ваучерот. За време на важноста на ваучерот Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво мора да ги прими оригиналните фактури односно, барања со сите потребни прилози. 

Ако Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво фактурите/барањата не ги врати во рок од 8 дена од приемот, ќе значи дека фактурата/барањето се смета за потврдено. Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво на жиро сметка на советодавното претпријатие односно, издавачот на барањето го дозначува износот согласно фактурата / барањето во рок од 60 дена од потврдување на фактурата/барањето односно најдоцна тогаш кога од страна на нарачателот се обезбедат средства за спроведување.  

Образец: Барање за исплата на субвенција.