АППРМ е активно вклучена во Програмата Самовработување со грант од 2007 и за секоја наредна година потпишува стандарден меморандум за соработка со УНДП за регулирање на меѓусебните обврски. Програмата Самовработување предвидува советодавна и финансиска поддршка за остварување на 950 одржливи вработувања, односно 950 самовработувања во 900 мали оформени бизниси.
Намената на оваа програма е активирање на пазарот на труд и креирање на работни места со стимулирање на побарувачката на пазарот на труд, изедначување на понудата и побарувачката на истиот во согласност со потребите, подобрување на пазарот на трудот и намалување на сивата економија.
- Објавување на јавен оглас за аплицирање;
- Давање информации од јавен карактер за можностите во врска со програмата;
- Обука за развој на бизнис идеи и претприемачки вештини на првобитно избраните кандидати;
- Поддршка за изработка на бизнис план;
- Изработка на критериуми, евалуација и селекција на изработените бизнис планови;
- Асистенција при регистрација на фирми и давање мали грантови на регистрираните фирми за снабдување со неопходната опрема/или материјали.
Услуги
Апликантите кои се заинтересирани за Програмата Самовработување се регистрирани од страна на Агенцијата за вработување. Откако е направена прелиминарна селекција, кандидатите кои се оценети како успешни добиваат обука за бизнис планирање и раководење, пристап до финансиските пазари, промоција и маркетинг. Потоа, преку Ваучер шемата, бизнис консултантите од Агенцијата за Поддршка на Претприемништво (АППРМ) овозможуваат поддршка на успешните кандидати за остварување на нивната бизнис идеа во бизнис план.