Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Менторинг

ПОЧЕТНА Менторинг

Менторинг

ШТО Е МЕНТОРСТВО? (леток)

Менторство е бесплатна услуга која можат да ја користат мали и средни претпријатија (МСП) и претприемачи.

Процесот на менторство се одвива по Методологијата за спроведување на стандардизираните менторски услуги, развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA).

За корисниците обезбедува сеопфатна поддршка преку индивидуален пристап, односно 25/50 часа по корисник кои се реализираат во директна соработка со сопственикот и/или менаџментот на субјектот. Менторството му помага на сопственикот или на директорот на претпријатието да ја препознае клучната точка на потенцијалот на своето работење. Корисникот со помош на менторот развива и спроведува акциски план кој има за цел подобрување на деловните резултати.

КОИ СЕ МЕНТОРИТЕ?

Менторите доаѓаат од надлежни регионални центри и се овластени од страна на ИНОВА и Јапонската агенција за меѓународна соработка. Тие имаат професионално искуство во работата со мали и средни претпријатија. Знаењето на менторите постојано се унапредува преку стручните тренинзи кои ги спроведуваат консултанти на JICA.

СОДРЖИНА НА МЕНТОРСКИТЕ УСЛУГИ

  • Дијагностицирање на моменталната состојба во која се наоѓа претпријатието;
  • Помош при подготовка на развојни активности, акциски планови и проекти;
  • Консултации, координација и помош во подготовка на потребна документација за пристап до финансиски средства и нови технологии;
  • Помош за подготовка на кредитни барања кај деловните банки;
  • Помош при изнаоѓање деловни партнери и добивање на потребните информации;
  • Обуки и упатување кај соодветни специјализирани консултанти.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА МЕНТОРСТВО?

КАТЕГОРИИ НА КАНДИДАТИ:

  • Регистрирани на територијата на Република Македонија со доминантно домашен капитал;
  • Подмирени сите јавни давачки (даноци и придонеси);
  • Не вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на среќа.

ПРИЈАВА ВО 3 ЧЕКОРИ:

  1. 1 ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ОБРАЗЕЦОТ: кликни овде
  2. 2 ПОПОЛНЕТЕ ЈА ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
  3. 3 ПРЕДАДЕТЕ ЈА ЛИЧНО ИЛИ ПО ПОШТА: Список на регионални центри кликни овде

ИНФОРМАЦИИ

Информации, јавни повици и упатства се достапни на нашата официјална веб-страница или на социјалните мрежи: