Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Mentor Award - 2023

ПОЧЕТНА Mentor Award - 2023
На церемонијата „Mentor Award“ беше избран најуспешниот ментор од Северна Македонија

Скопје, 21 декември 2023 – „Mentor Award“ е признание кое има за цел да ги награди најисполнителните ментори во Северна Македонија. На церемонијата организирана од страна на „Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија“ (АППРСМ) и „Јапонската агенција за интернационална соработка“ (JICA) присуствуваа голем број на номинирани ментори, а после гласањето и евалуацијата на гласовите наградата беше доделена на г-дин Салајдин Идризи.

Покрај доделувањето на главната награда беа доделени и овластувања за петмина OJT Инструктори како и за тројца CRT тренери во различни категории.

Дополнително на настанот по повод „Mentor Award“ пред присутните се обратија и директорот на АППРСМ г-дин Имер Имери како и претставникот на JICA во Северна Македонија г-дин Сашо Димитров.

Исто така церемонијата беше искористена и за презентација на резултатите од спроведеното истражување меѓу корисниците на менторските услуги во 2022 година во регионалните центри во Куманово, Битола, Охрид, Тетово, Струмица и Скопје, вклучително и како да се продолжи понатаму во реализацијата на програмата.

Церемонијата за доделување на признанијата се дел од проектот „Зајакнување и проширување на менторските услуги за мали и средни претпријатија во земјите од Западен Балкан“, заеднички проект на „Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија“ (АППРСМ) и „Јапонската агенција за интернационална соработка“ (JICA).