ЈАВЕН ПОВИК
до мали и средни претпријатија за пријавување и учество во Програмата на бесплатна деловна поддршка - Стандардизирани менторски услуги во 2025 година
Јавниот повик се објавува во согласност со Програмата за работа на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) во 2025 година. Услугата се спроведува преку овластени ментори во рамките на Регионалните Центри за развој на МСП.
Процесот на менторирање се одвива според методологијата развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Овластен ментор ги спроведува услугите преку 25 часа за почетни и 50 часа за зрели претпријатија во непосредна соработка со сопственикот и/или менаџментот.
СОДРЖИНА НА СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ
- Дијагностицирање за разбирање на моменталната состојба на претпријатието;
- Помош при подготовка на развојни активности, акциски планови и проекти;
- Консултации, координација и помош во подготовка на документација за пристап до финансиски средства;
- Помош за подготовка на кредитни барања кај деловните банки;
- Помош при изнаоѓање деловни партнери и добивање деловни информации;
- Обуки и упатување кај соодветни специјализирани консултанти.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
- Регистрирани на територијата на Република Северна Македонија со доминантно домашен капитал;
- Подмирени сите јавни давачки (даноци и придонеси);
- Не вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на среќа.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
- Пополнета пријава – Образец 1
- Извод од регистрацијата на претпријатието (копија)
- Биланс на состојба и Биланс на успех за 2024 година (копија)
РЕГИОНАЛНИ ЦЕНТРИ ЗА КОНТАКТ
Јавниот повик е отворен до 14 Мај 2025 година, до 15 часот.
Образец 1 – Пријава
Упатство за јавен повик