План за родова еднаквост 2026–2029
Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) на Република Северна Македонија го усвои Планот за родова еднаквост за периодот 2026–2029 година (ПРЕ 2026–2029), со цел воспоставување на систематска институционална рамка за унапредување на родовата еднаквост.
Планот е изработен во согласност со националното законодавство и политиките на Европската унија, вклучувајќи ја Стратегијата на ЕУ за родова еднаквост 2020–2025 и барањата на програмата Хоризонт Европа.
Главни области на спроведување:
-
Вработување и развој на кариера — родово неутрални огласи, транспарентни критериуми и собирање податоци;
-
Рамнотежа работа–живот — флексибилни услови и поддршка по отсуство;
-
Родов баланс во лидерство — еднаква застапеност во одлучувањето;
-
Интегрирање на родова перспектива — вклучување во програми и поддршка на жени;
-
Заштита од дискриминација — механизми за пријавување и постапување;
ИНОВА ќе воспостави Работна група за родова еднаквост (РГРЕ), која ќе подготвува годишни извештаи и ќе предлага мерки. Планот важи за периодот 2026–2029 и ќе биде ревидиран по една година.