Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Успешни приказни од менторството во РСМ

ПОЧЕТНА Успешни приказни од менторството во РСМ

 

 

 

Летра Дизајн

Профил на компанијата:Летра Дизајн ДООЕЛ – Охрид, основана  во 1992 година
Дејност :Печатење и издаваштво
Број на вработени:  9

Резултати по спроведеното менторство:

  • Развој на маркетинг стратегија и акциски план
  • Финансиска анализа на севкупното работење на компанијата
  • Обезбедени информации за достапните извори на финансирање
  • Информации и поддршка за успешен настап до нови пазари

 

Ле Бранд Дизајн     

Профил на компанијата:Ле Бранд Дизајн ДООЕЛ – Битола, oснована  во 2016 година
Дејност :Текстилна индустрија, дизајн и производство на колекции под етикетата “LE BRAND”. Колекциите се мали со ограничено производство, но ексклузивност.
Број на вработени:  2

Резултати по спроведеното менторство:

  • Изработка на акциски план за следни активности и проширување на дејноста во едукативни цели, училиште за дизајн
  • Развој на искуство и вештини за изработка, продажба и извоз на странскиот пазар
  • Запознавање со царински и финансиски процедури
  • Воспоставување на стабилни партнерства за соработка на странски пазари

Изида

Профил на компанијата:Изида Дооел – Охрид, основана  во 1994 година
Дејност :СПА центар  со ласерска и радио технологија и професионален тим од физиотерапевти, козметолози и естетичари
Број на вработени:  8

Резултати по спроведеното менторство:

  • Дефинирање на визијата и мисијата на компанијата и изработка на акциски план за нивна реализација                                   
  • Препораки за подобрување на работењето на компанијата, со акцент на клучните точкана управување со човечките ресурси - преку вклучување на вработените за  подобро разберање на нивните потреби
  • Воведување на алатки за подобрување на работата на вработените со цел зголемена мотивираност и постигнување на повисоки резулати и задоволност на клиентите


 

 

Хотел Скардус

Профил на компанијата:Хотел Скардус  ДОО – Попова Шапка – Тетово, основан  во 2013 година
Дејност :Угостителски услуги (хотел и ресторан)
Број на вработени:  10

Резултати по спроведеното менторство:

  • Идентификување и планирање на инвестиции во деловниот објект
  • Планирање на активности за воведување на нови услуги
  • Подобрени маркетинг активности
  • Воспоставена соработка со домашни и странски туристички агенции
  • Подготовка на квалитетни апликации за учество на проекти подржани од Министерство за економија.

 

Ескон-Инжинеринг

Профил на компанијата:Ескон Инженеринг ДООЕЛ – Струмица, oснована  во 2010 година
Дејност :Изведба на електрични инсталации, системи за видео надзор, алармни системи и интегрирани системи за управување за домашни и станбени инсталации
Број на вработени:  9

Резултати по спроведеното менторство:

  • Подобрување на магацинското работење преку имплементација на стандард за квалитет ИСО 9001
  • Влез на компанијата на странски пазари
  • Активности за обезбедување на кофинансирање на трошоците за воведување на иновативни производи и услуги преку апликација кон Фондот за Иновации и Технолошки Развој
  • Зголемен број на вработени од 7 во 2018 до 9 вработени во 2020 година

 

 

Ани Комерц

Профил на компанијата:Ани Комерц ДОО – Скопје, основана во 1992 година
Дејност :Производство и продажба на украсни ќеси и кутии (прва компанија во Македонија која почнала да се занимава со оваа дејност)
Број на вработени:  2

Резултати по спроведеното менторство:

  • Анализа и детектирање на клучните точки за развој на претпријатието
  • Развивање на активности на соработка  во бизнисот, технологијата и науката
  • Изготвен акциски план за развој на работењето на претпријатието
  • Изготвен маркетинг план за за општо подобрување на маркетинг промоција                                        
  • Вклучување експерт за дизајн за врвен дизајн и квалитетно печатење, дизајн на лого, брендирање, пакување, изработка на постери, флаери и слично

 

 

 

 

 

Ана Турс Интернационал

Профил на компанијата:Ана Турс Интернационал – Битола, oснована  во 1989 година
Дејност :Туристичка агенција – една од првите туристички агенции во Македонија
Број на вработени:  6

Резултати по спроведеното менторство:

  • Развој на акциски план за следење на активностите и промовирање на специјализирана продажба на аранжмани и резервирање на авио карти преку високо софистициран систем
  • Развој на мисијата на компанијата со цел обезбедување на квалитетни туристички услуги и производи на клиенти во земјата и надвор од неа преку сопствениот високо обучен и искусен персонал и системи за резервации
  • Зголемена препознатливост на агенцијата како оператор кој обезбедува добро организирани патувања и хотелски резервации во земјата и светот, но и индивидуални програми направени според желбата на клиентите со нови и модерни превозни средства