Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Јавен повик - Менторство

ПОЧЕТНА Јавен повик - Менторство
INOVA JICA

ЈАВЕН ПОВИК

до мали и средни претпријатија за пријавување и учество во Програмата на бесплатна деловна поддршка - Стандардизирани менторски услуги во 2025 година

Јавниот повик се објавува во согласност со Програмата за работа на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) во 2025 година, во која се обезбедени средства за спроведување стандардизирани менторски услуги наменети за мали и средни претпријатија (МСП).

Услугата се спроведува преку овластени ментори, кои работно се ангажирани во рамките на Регионалните Центри за развој на МСП, а се дел од Институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и МСП.

Стандардизираните менторски услуги имаат за цел поддршка и несметан развој на претпријатијата, како и намалување на бројот на неуспешните деловни субјекти, преку обезбедување на сеопфатна и навремена деловна поддршка.

Процесот на менторирање се одвива според методологијата која е развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и јапонскиот модел на менторство. Методологијата одредува чекори во процесот на менторирање кои стручно лице – Овластен ментор ги спроведува преку одреден број на часови (25 часа за почетни и 50 часа за зрели претпријатија-корисници), и тоа во непосредна соработка со сопственикот и/или менаџментот на субјектот. Менторот и менторираниот деловен субјект заеднички го разгледуваат тековното работење, ги откриваат причините за актуелните состојби и пречки за развој, ги одредуваат потенцијалите за раст и го подготвуваат планот за развој, односно Акцискиот план.

Методологијата на стандардизирани менторски услуги јасно ги дефинира сите чекори и активности во спроведувањето на истите преку: Упатството за менторство (второ издание).

СОДРЖИНА НА СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ

  • Дијагностицирање за разбирање на моменталната состојба на претпријатието;
  • Помош при подготовка на развојни активности, акциски планови и проекти;
  • Консултации, координација и помош во подготовка на документација за пристап до финансиски средства;
  • Помош за подготовка на кредитни барања кај деловните банки;
  • Помош при изнаоѓање деловни партнери и добивање деловни информации;
  • Обуки и упатување кај соодветни специјализирани консултанти.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  • Регистрирани на територијата на Република Северна Македонија со доминантно домашен капитал;
  • Подмирени сите јавни давачки (даноци и придонеси);
  • Не вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на среќа.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

  • Пополнета пријава – Образец 1
  • Извод од регистрацијата на претпријатието (копија)
  • Биланс на состојба и Биланс на успех за 2024 година (копија)

РЕГИОНАЛНИ ЦЕНТРИ ЗА КОНТАКТ

Регионален центар Скопје

Фондација за развој на мали и средни претпријатија

ул. „Партизански одреди“ бр. 17, Влез 3, Скопје

Директор: Светлана Киревска

Советник: Евгенија Лисичова

Телефон: (02) 3239 053 | Мобилен: 070 720 580

Е-пошта: recs@recs.org.mk

Регионален центар Битола

Фондација за развој на претприемништво, регионална и прекугранична соработка

бул. „1 Мај“, бр. (бб), Битола

Директор: Драган Дамјановски

Советник: Гоце Петровски / Милена Димковска

Телефон: (047) 202 420 | Мобилен: 075 677 304

Е-пошта: milena.rcbt@gmail.com

Регионален центар Струмица

Фондација за развој на мали и средни претпријатија

ул. „11 Октомври“, Струмица

Директор/Советник: Марија Ташева

Телефон: (034) 349 320 | Мобилен: 071 201 068

Е-пошта: rcsr@t.mk

ЕСА Тетово

Фондација за поддршка на претпријатија

ул. „Илинденска“, бр. (бб) (Блок 87/13, Локал 2), Тетово

Директор: Неби Јусуфи

Советник: Јакуп Абдии

Телефон: (044) 350 960 | Мобилен: 070 224 005

Е-пошта: esate@t.mk

ЕСА Охрид

Фондација за поддршка на претпријатија

Булевар „Туристичка“, Охрид

Претставник: Мимоза Поповска

Советник: Елизабета Петанова

Мобилен: 070 391 664 | 070 261 012

Е-пошта: fpp-oh@t.mk

Регионален центар Велес

Фондација за развој на мали и средни претпријатија

ул. „Димитар Влахов“ бр. 27, Велес

Директор/Советник: Анита Самарџиева

Мобилен: 075 326 667

Е-пошта: rcve@t.mk

Регионален центар Куманово

Фондација за развој на мали и средни претпријатија

ул. „Илинденска“, 3 кат, Куманово

Директор/Советник: Димитар Ташевски

Мобилен: 078 300 605

Е-пошта: razvojku@t.mk

Јавниот повик е отворен до 14 Мај 2025 година, до 15 часот.

Образец 1 – Пријава
Упатство за јавен повик