Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење

Објавено на - февруари 04 , 2026
May be an image of text

 

Почитувани медиуми,

Ве покануваме да присуствувате на свечениот настан по повод потпишувањето на договорот за проектот „Грантова шема за поддршка на претпријатијата за зелено работење“ (Greening Business Facility – GBF), кој ќе се одржи на 04.02.2026 (среда), со почеток во 11:40 часот, во хотел DoubleTree by Hilton Skopje.

Проектот има за цел да ја поддржи зелената транзиција на малите и средни претпријатија преку инвестиции во одржливи практики, намалување на јаглеродниот отпечаток и поефикасно користење на ресурсите.

На настанот ќе се обратат Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво - ИНОВА, Даниела Димовска.