
Денес, по повод Меѓународниот ден на чиста енергија, во Europe House го одбележавме „Соларен ден-чиста енергија во пракса“, на кој учество зедоа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, проф. д-р Зоран Марков, експерт и претставник од приватниот сектор, Александар Момироски од Swift Data.
Директорката Даниела Димовска истакна дека ИНОВА преку поддршка на зелени и соларни проекти активно придонесува кон примена на чистата енергија и создавање одржливи решенија за иднината.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја нагласи важноста од зајакнување на политиките и процесите што ја забрзуваат енергетската транзиција.
Преку стручниот придонес на проф. д-р Зоран Марков и панел-дискусијата со експерти и претставници од приватниот сектор, вклучително и Александар од Swift Data, се отвори конструктивен дијалог за потенцијалот и предизвиците на соларната енергија.
ИНОВА продолжува активно да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу институциите, академската заедница и приватниот сектор, со цел забрзување на енергетската транзиција и поддршка на одржливи иновации.