|
Денес директорката на #ИНОВА , Даниела Димовска се обрати и го отвори осмиот по ред глобален настан FIRST LEGO League Challenge 2026, кој се одржа во Скопје во организација на Академијата за роботика и иновации (@Robotics & Innovation Academy)  
Овој значаен настан обедини рекорден број учесници – 36 тимови од државни и приватни училишта од Македонија, со околу 400 ученици и ментори кои преку роботика, иновации и тимска работа ги развиваа своите знаења во науката, технологијата, инженерството и математиката.  
Поддршката на ваквите иницијативи е клучна за создавање нова генерација млади иноватори, истражувачи и претприемачи кои ќе ја градат економијата базирана на знаење и технологии.
|