Конституитивна седница на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво

Објавено на - февруари 23 , 2026

Денес официјално започна со работа Советот за иновации, научно-технолошки развој и
претприемништво – тело што ќе ја координира и насочува националната политика за
иновации и конкурентност.
Со Советот претседава Претседателот на Владата, проф.д-р Христијан Мицкоски, што јасно
ја потврдува стратешката важност на иновациите и научно-технолошкиот развој за
економската иднина на државата. Во Советот членуваат и министерката за образование и
наука, проф. д-рВесна Јаневска, министерот за дигитална трансформација г-дин Стефан
Андоновски , министерот за економија и труд, м-р Бесар Дурмиши, советникот за
надворешна трговија од канцаларијата на претседателот на Владата , Давид Костовски,
како и професорите Бејтула Демири, Александра Јанеска Илиев и Атанас Кочов.
Советот ги обединува Владата, академската заедница и бизнис секторот со една
заедничка цел – создавање систем што ќе ја поврзе науката со пазарот и ќе донесе реален
економски раст.
На конститутивната седница директорката на #ИНОВА , Даниела Димовска ја
презентираше Четиригодишната програма за поттикнување на иновациите, научно-
технолошкиот развој и претприемништво – документ со јасни приоритети, конкретни
мерки и мерливи резултати за наредниот четиригодишен период.