|
 Директорката на #ИНОВА Даниела Димовска беше дел од делегација предводена од претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, која учествуваше на бизнис форумот во Будимпешта „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“.
Форумот обедини претставници од институциите и бизнис секторот, со цел зајакнување на економската соработка, зголемување на инвестициите и создавање нови партнерства.
Овие форуми не се само место за размена на идеи, туку и практичен инструмент за градење партнерства и унапредување на економската соработка, преку директно поврзување на компаниите и отворање нови деловни можности.
|