Cookie Consent by Free Privacy Policy Generator

Јавен повик - Менторство

ПОЧЕТНА Јавен повик - Менторство
INOVA JICA

ЈАВЕН ПОВИК

до мали и средни претпријатија за пријавување и учество во Програмата на бесплатна деловна подддршка - Стандардизирани менторски услуги во 2025 година

Јавниот повик се објавува во согласност со Програмата за работа на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) во 2025 година. Услугата се спроведува преку овластени ментори во рамките на Регионалните Центри за развој на МСП.

Процесот на менторирање се одвива според методологијата развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Овластен ментор ги спроведува услугите преку 25 часа за почетни и 50 часа за зрели претпријатија во непосредна соработка со сопственикот и/или менаџментот.

СОДРЖИНА НА СТАНДАРДИЗИРАНИТЕ МЕНТОРСКИ УСЛУГИ

  • Дијагностицирање за разбирање на моменталната состојба на претпријатието;
  • Помош при подготовка на развојни активности, акциски планови и проекти;
  • Консултации, координација и помош во подготовка на документација за пристап до финансиски средства;
  • Помош за подготовка на кредитни барања кај деловните банки;
  • Помош при изнаоѓање деловни партнери и добивање деловни информации;
  • Обуки и упатување кај соодветни специјализирани консултанти.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  • Регистрирани на територијата на Република Северна Македонија со доминантно домашен капитал;
  • Подмирени сите јавни давачки (даноци и придонеси);
  • Не вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на среќа.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: Стандардизираните менторски услуги треба да се реализираат од 21 Мај до 21 Ноември 2025 година.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

  1. Пополнета пријава – Образец 1;
  2. Извод од регистрацијата на претпријатието (копија);
  3. Биланс на состојба и Биланс на успех за 2024 година (копија).

РЕГИОНАЛНИ ЦЕНТРИ ЗА КОНТАКТ

Регионален Центар Скопје

ул. Партизански Одреди 17, влез 3, Скопје

Директор: Светлана Киревска | Советник: Евгенија Лисичова

Тел: (02) 3239 053 | Мобилен: 070 720 580

Email: recs@recs.org.mk

Регионален Центар Битола

Бул. 1 Мај бб, Битола

Директор: Драган Дамјановски

Советник: Гоце Петровски / Милена Димковска

Тел: (047) 202 420 | Мобилен: 075 677 304

Email: milena.rcbt@gmail.com

Регионален Центар Струмица

ул. 11 Октомври бб, Струмица

Директор/Советник: Марија Ташева

Тел: (034) 349 320 | Мобилен: 071 201 068

Email: rcsr@t.mk

ЕСА Тетово

Илинденска бб (Блок 87/13), Тетово

Директор: Неби Јусуфи | Советник: Јакуп Абдии

Тел: (044) 350 960 | Мобилен: 070 224 005

Email: esate@t.mk

ЕСА Охрид

Булевар Туристичка бб, Охрид

Застапник: Мимоза Поповска | Советник: Елизабета Петанова

Мобилен: 070 391 664 | 070 261 012

Email: fpp-oh@t.mk

Регионален Центар Велес

ул. Димитар Вахов 27, Велес

Директор: Анита Самарџиева

Мобилен: 075 326 667

Email: rcve@t.mk

Регионален Центар Куманово

ул. Илинденска бб, 3 кат, Куманово

Директор: Димитар Ташевски

Мобилен: 078 300 605

Email: razvojku@t.mk

Јавниот повик е отворен до 14 Мај 2025 година, до 15 часот.

Образец 1 – Пријава
Упатство за јавен повик